1 2
Следна Следна X

АПЛИКАЦИЈА НА ЗАГАДУВАЧИ НА ТЕРИОТОРИЈА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Прескокни вовед и однесиме кон апликацијатаСледна

X Претходна Следна СледнаСледна

Добредојдовте на интерактивната Апликација на загадувачи на територија на општина Карпош

Апликацијата содржи корисни информации и Мапа на деловни субјекти кои се загадувачи на воздухот, водите, почвите и создавачи на отпад и бучава на територија на општина Карпош. Целта на апликацијата е на визуелно – текстуален начин да се информираат сите заинтересирани страни и содржани се сите информации од јавен карактер.

X Претходна СледнаСледна

На мапата прикажана е локацијата на сите деловни субјекти на територија на општина Карпош поделени во три категории:

- А - интегрирана еколошка дозвола (ИСКЗ А),
- Б - интегрирана еколошка дозвола (ИСКЗ Б),
- Елаборати за заштита на животната средина:

• Елаборати за заштита на животната средина под надлежност на Управата за животна средина,

• Елаборати за заштита на животната средина под надлежност на градот Скопје,

• Елаборати за заштита на животната средина под надлежност на општините, општините во градот Скопје.

X ПретходнаСледна Следна Следна

Интегрираното спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) претставува систем кој е наменет за големите индустриски капацитети, а неговата цел е да се намали нивото на загадувањето, односно да се намалат емисиите што ги испуштаат капацитетите во животната средина. Во зависност од големината на индустриската инсталација, интегрираните еколошки дозволи се делат на ИСКЗ А и ИСКЗ Б.

На мапата А - интегрираните еколошки дозволи се означени со црвена боја, а Б - интегрираните еколошки дозволи се означени со портокалова боја.

Инсталации (деловни субјекти) кои задолжително изработуваат ИСКЗ А и ИСКЗ Б се определени со Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план.

Со оваа уредба се определуваат активностите на новите инсталации или значителните промени на постоечките, кои можат да се вршат само по претходно добиена интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план од надлежен орган и временскиот распоред за поднесување на барањето за добивање дозвола за усогласување со оперативен план.

X ПретходнаСледна Кон АпликацијатаСледна

На мапата Елаборатите за заштита на животната средина се означени со три нијанси на сина боја според надлежниот орган за нивно одобрување на спроведување на проектот.

На мапата А - интегрираните еколошки дозволи се означени со црвена боја, а Б - интегрираните еколошки дозволи се означени со портокалова боја.

Инсталациите кои задолжително изработуваат елаборати се определени со Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина и Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на Градот Скопје и градоначалникот на општините во Градот Скопје.